Шкендија заедно со Шабан Трстена гости во Вил

515

Шкендија на 9 септември на „Лидл Арена“ во Швајцарија ќе ги одмери силите со Вил во пријателски натпревар на кој ќе му претходи богата културно-уметничка програма.

Двата клуба потпишаа договор за развој, кој го клучува пријателскиот натпревар со културно-спортски и забавен карактер за дијаспората која живее и работи во Швајцарија и пошироко.

На пријателскиот дуел Вил-Шкендија ќе му претходи богата културно-уметничка и спортска програма, каде пеливани од Македонија ќе настапат во присуство на олимпискиот шампион, Шабан Трстена.

ПретходноМбапе вратен во составот, ПСЖ со уште една ѕвезда против Тулуз
СледноВардар 1961 преку Гуиф завери финале во Струга