Македонскиот репрезентативец Езџијан Алиоски синоќа имаше убава асистенција во триумфот на неговиот тим Ал Ахли во Ал Халеј.
Откако нашиот интернационалец одигра деведесет минути на терен, нагло дехидрирал па бил однесен во волница.
Сепак, од клубот, а и самиот играч потврди дека не е ништо сериозно и тој веднаш бил пуштен да си оди дома.
Ова е честа здравствена појава во делот од светот каде што температурите се ужасно високи, и каде што бавењето со сериозна физичка активност е доста специфична работа.