Ленс си купи напаѓач за ЛШ и го собори клупскиот рекорд

206

Француски Ленс се врати во Лигата на шампионите, а за предизвиците во Лига 1 и за најголемото европско клупско натпреварување се подсили со напаѓач кој го платија 35 милиони евра.
Се работи за довчерашниот фудбалер на Монпеље, Елија Вахи. Тоа е најголемиот трансфер во клупската историја. Тој ќе го замени Луис Опенда кој ова лето за 40 милиони евра прејде во РБ Лајпциг.
Претходно Ленс остана и без Секо Фофана кој отиде во Ал Наср, но неговото место го пополни со Енди Диуф од Базел.
Мора да се каже дека Французите победија силна конкуренција во Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем.
Ленс ова лето одигра мудро и скромно на трансфер пазарот, донесе замени за оние што си заминаа.

ПретходноЛиверпул од негатива до триумф, Брендфорд и Брајтон со победи на гости (ВИДЕО)
СледноВМФЛ 2.коло: Беса го доби дербито против Беласица, Пелистер сигурен дома