Зоран Кастратовиќ после само два месеци најверојатно ќе ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија.
Ако им се верува на скандинавските медиуми, Ерлингур Ричардсон ќе биде наследникот на Кастратовиќ на селекторското место на С.Арабија. Овој исландски тренер треба да потпише едногодишен договор со тамошната федерација, а неговите успеси како предводник на репрезентациите на Исланд и Холандија, биле одлична препорака.