ПСЖ го договори Коло Муани – формира француско напаѓачко трио

202

FOTO> Twitter

Со тоа што го задржи Килијан Мбапе и го ангжираше Осман Дембеле, екипата на Пари Сен Жермен направи голема работа во летниот преоден рок. Но парижаните не сакаат да застанат тука, целат на млади фудбалери кои во иднина би го носеле тимот на своите плеќи.

Па така неколку француски медиуми како и италијанскиот „Футмеркато“ пренесуваат дека ПСЖ се договорил со Ајнтрахт за трансфер на францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани. За овој играч се интересираа многу клубови, но Ајнтрахт некако ги држеше на дистанца, а попушти пред налетот на ПСЖ.
Неофицијално, во текот на наредните денови Муани ќе потпише петгодишен договор, а ПСЖ за него ќе плати околу 70 милиони евра.

Па така ПСЖ за офанзивци ќе ги има француските репрезентативци Мбапе, Дембеле, Муани како и португалската поддршка Рамош кој е позајмен од Бенфика.

 

ПретходноФеникс се засили со Зетов, а го продолжи договорот со Филип Димитриевски
СледноСтружанецот Амет Корча со својот Далас во живо ја виде магијата на Лионел Меси