Ново разочарување за фановите на ПСЖ.Само реми на гости кај Тулуз во меч од 2.коло во Лига 1. И тоа со 1:1, и тоа со Килијан Мбапе во тимот.
Не оди па не му оди на новиот стратег на “светците“ Луис Енрике.
Инаку ПСЖ поведе со 0:1 токму со голот на Мбапе и тоа од пенал во 62.минута. Да кажеме дека не беше стартер, туку во игра влезе во 51.минута прирезултат 0:0.
Сепак ни тоа водство не беше доволно за победа. Тулуз во 87.минута со голот на Абуакила,исто од пенал, успеа да дојде до бод за конечни 1:1.