Уште една бледа партија на Манчестер Јунајтед, исто како и протов Вулверрхемптон, но сега на спротивната страна беше Тотенхем кој со 2:0 успеа да ги совлада “ѓаволите“ и тоа апсолутно заслужено, зошто беше далеку подобар противник.
Ова беше и прват победа на еден официјален меч на новиот тренер на “спарси“ Постекоглу.
Сар во 49.минута прво го начна тимот на Ерик тен Хаг, за да во финишот на мечот Дејвис стрелаше за конечни 2:0.
Очигледно е дека со ваква игра Манчестер Јунајтед и оваа сезона ќе ја прогласи за загубена.