Фудбалерките на Шведска ја победија Австралија со 2:0 во мечот за третото место на Светското првенство за жени кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд. Со тоа Швеѓанките дојдоа до бронзените медали.
Во 27 минута изборија пенал по реакција на ВАР, а успешно го реализира Фридолина Ролфо. Конечниот резултат го постави Косовара Аслана со шут од околу 18 метри.
Четврти пат Швеѓанките се бронзени на Мундијалите.
Инаку во финалето, кое се игра утре на стадионот „Австралија“ во Мелбурн ќе се сретнат Англија и Шпанија.