Победникот на 51. издание на меѓународниот турнир во Струга ќе биде познат вечерва. Во финалето силите ќе ги одмерат македонските тимови, Алкалоид и Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.
Ова ќе биде доста интересна средба, особено по она што го видовме во минатата сезона, со тоа што македонскиот вицепрвак, Алкалоид го засили составот, не направи драстични промени, додека на другата страна Вардар е со нови имиња, без лидерите, па се уште ја бара формулата која ќе ја користи во новата сезона.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат за првиот трофеј на овој турнир, додека пак Вардар 1961 оди по 14. пехар.
Во продолжение погледнете го распоред за пласман.