Анри ќе ја преземе младинската селекција на Франција

75

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри во понеделник ќе биде назначен за нов селектор на У21 селекцијата на Франција, пренесуваат „Ле Паризиен“ и „Л’Екип“. Исто така Анри ќе го предводи францускиот тим кој ќе игра на Олимписките игри 2024 година во Париз.

Анри два пати работеше како асистент во белгиската фудбалска репрезентација, а исто така и како прв тренер на Монако и на Монтреал Импакт. Најголем дел од фудбалската кариера Анри ја помина во Арсенал, а потоа долго време работеше како фудбалски експер на телевизија, каде што се уште е активен.

 

ПретходноСерија А: Елмас и Наполи од Фрозиноне ја почнуваат одбраната на „скудетото“
СледноНадежите на Брера второпласирани на Евима Купот во Банско