Вардар 1961 е победник на 51 издание на меѓународниот турнир во Струга. „Црвено-црните“ во финалето го совладаа Алкалоид со 20-25 и го подигнаа 14 трофеј на овој традиционален ракометен турнир.
Финалниот меч беше прекинат по само 17 минути, поради дожд, мораше да се доигра во сала. Алкалоид поведе со 4-3 и 5-4, по што Вардар 1961 со серија од 3-0 поведе со 5-7, момент по кој беше прекинат натпреварот. Избраниците на Владо Недановски имаа позитива од два гола (9-11) во 27 минута, но македонскиот првак на одморот намали 11-12. Девет од 12 гола на Вардар беа дело на Срдановиќ.
По осум минути игра во вториот дел, Алкалоид на момент успеа да го врати водството 13-12. Од овој момент се играше гол за гол, се до 49 минута кога „црвено-црните“ поведоа со 18-20. Мартин Томовски и на оваа средба беше на ниво на задачата, особено во важните моменти.
Савревски, а потоа Митев намалија на негатива од едне гол (19-20 и 20-21). Вардар 1961 подобро се снајде во финишот со четири гола во низа дојде на плус пет 20-25.