ВМФЛ: Во соседското дерби Пелистер против Новаци, Беса ја дочекува Беласица

257

 

Попладнево од 17 часот на програмата се шест натпревари од 2.коло во ВМФЛ. Дуелот Скопје – Детонит се игра утре, а “езерското дерби“ меѓу Охрид и Караорман е одложено за 30 август.

Се чини дека попладнево најинтересно ќе биде во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ каде се среќаваат соседите Пелистер и Новаци. Убав повод за фудбалските фанови од Битола и Новаци да дојдат и да навиваат за своите екипи. И двете екипи во првото коло забележаа победи.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Беса дома игра со Беласица, можност за нова победа за четата на стратегот Александар Таневски, а се очекува полна трибина на стадионот во Куманово каде домашниот Башкими се среќава со Победа. Ова ќе биде дуел на некогашни прволигаши и екипи кои на стартот забелажаа убедливи победи.

Тетекс игра со Осогово, Вардар (Н) го дочекува Кожув, а Каменица Саса му гостува на Арсими.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ВАРДАР (Н) – КОЖУВ

АРСИМИ – САСА

ПЕЛИСТЕР – НОВАЦИ

БЕСА – БЕЛАСИЦА

ТЕТЕКС – ОСОГОВО

БАШКИМИ – ПОБЕДА

20.08.2023 (17 Ч)

СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ

30.08.2023 (16 Ч)

ОХРИД – КАРАОРМАН

ПретходноВардар со Хаџиевски и Бабунски на клупата
СледноОд раните утрински часови, Атина како во воена состојба