Волкот стави крај на кариерата: Страв ми е, се што знам во животот е фудбал!

352

Поранешниот англиски репрезентативец, Тео Волкот објави крај на професионалната фудбалска кариера на 34 години.
Ги закачувам копачките на клинец. Да бидам искрен, се плашам. Страв ми е затоа што од свои 16 години знам само за фудбал. Сега би сакал да пробам нешто што никогаш не сум го направил, а тоа е да се обидам да живеам. Обично се што правев беше поврзано со фудбал.
Одлучив да се пензионирам иако имав и понуди и од странство и од клубови од Чемпионшип. Имав и од Саудиска Арабија, но не се пронаоѓам себе си таму. Не е поради парите или лигата, но ако моето срце вели дека не си за таму тогаш не би било фер за тамошните клубови и за себе“, изјави Волкот.
Во кариерата Волкот одигра 397 натпревари во Премиер лигата. Играше за Арсенал, Саутемптон и Евертон. Последен клуб му беше Саутемптон.

ПретходноГвардиола: Сите се жалат на Саудиска Арабија, а поставуваат црвен тепих!
СледноАлкалоид или Вардар 1961, кој ќе го подигне пехарот во Струга?