Жестока расправија меѓу Мбапе и Ал Келаифи: Французинот го понижи газдата со својот одговор!

1243

Килијан Мбапе и натаму е главна тема во француските медиуми. Иако се најавуваше дека конечно ќе направи трансфер во Реал Мадрид, сепак остана во Париз до 2024 година. Францускиот репрезентативец по сите турбуленции е вратен во составот на ПСЖ, би требало да го почне мечот против Тулуз.

Но, се чини дека бурата се уште не е стивната, особено кога станува збор за неговиот однос со првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Л’Екип на својата насловна страница донесе нова ексклузива поврзана со состанокот меѓу фудбалерот и претседателот, кој се случил на осми овој месец. Истиот бил на работ на физичка пресметка, а сега престижниот медиум открива и дел од разговорот.

Ал-Келаифи му порачал на Мбапе дека нема да игра повеќе: Нема да играш, нема да попуштиме. Мбапе пак одговорил: Сакаш да видиме? Епа, ќе видиме. Ти ќе бидеш првиот претседател кој нема да ми дозволи да игра.

Без ралика на тоа што страстите се смириле, сепак Мбапе нема да намера да го продолжи договорот, кој му истекува во 2024 година.

ПретходноКостески во идеалниот тим на турнирот во Добој
СледноМисијата на Кастратовиќ во Саудиска Арабија завршува после два месеци?