Кој ако не својот. Така е тоа во фудбалот. Се играше 90+10.минута и резултатот беше 1:2 за Динамо Загреб имаше продолженија,кога Домагој Вида, екс – фудбалерот на “модрите“ со шут со глава успеа да го совлада Ливаковиќ за 2:2, за еуфорија на Арената во Атина, за пласман на АЕК во плеј – офот во ЛШ. Претходно во таа акција Ливаковиќ го одбрани пеналотна Гарсија, но топката дојде до Вида а овој знаеше што треба.
А Динамо имаше се во свои раце. До таа 90+2,минута водеше со 0:2 и беше на прагот да оди натаму, на двомеч со Антверпен. Шутало и Љубичиќ стрелаа за 0:2. Да потсетиме дека на првиот меч од ова 3.квалификациско коло во ЛШ, АЕК победи среден Загреб со 1:2.
И така во 92.минута прво Араухо намали, а потоа Вида стрелаше за конечни 2:2 со што ги “расплака“ Ристовски и Динамо.
Инаку целиот меч мина во сенка на се она што се случуваше пред неколку дена во Атина, кога имаше големи тепачки меѓу фановите и смртта на младиот фан на АЕК, Михалис Кацурис.
Оваа севкупен триумф над Динамо, играчите на АЕК му ја посветија токму нему.
Да кажеме дека во составот на Динамо на овој меч беше и нашиот интернационалец Стефан Ристовски.