Тимот на Ливерпул на домашен терен успеа и покрај тоа што имаше негатива да обезбеди три бода во дуелот против Борнмут во рамките од новото коло во Премиер лигата.
Семењо беше тој кој што на гостите им донесе водство уште на стартот на мечот, во третата минута за да Диаз по половина час погоди за 1:1.
Следуваше пеналот за Салах кој интернационалецот од Египет го погоди од „втора“, а конечните 3:1 беа дело на Диого Жота по еден час игра.
Од друга страна пак, Брендфорд кај Фулам обезбеди прекрасна победа од 0:3, како и Брајтон кој го уништи Вулверхемптон на него терен со 1:4.