Во трансфер во кој тимот на Фулам ќе инкасира 50 милиони фунти, репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ станува нов играч на тимот на Ал Хилал.
Напаѓачот потпишува тригодишен договор, и се обврзува на соработка, до 2026 година во една од најголемите трансфер саги во последните години.
Митровиќ едноставно одби повеќе да биде дел од тимот на Фулам и инсистираше на трансфер. Сето тоа во Англија воопшто не беше добро прифатено, но на крајот Фулам мораше да се согласи на преселба на напаѓачот.
Со ова Митровиќ ќе се придружи на ни помалку ни повеќе туку Нејмар, кој пристигна во Ал Хилал пред неколку дена, како и на неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ Савиќ. Малколм исто така е дел од овој тим.