Повредата на Араухо не е сериозна

98

Дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо  не е тешко повреден. Фудбалерот почувствува болка во бутот за време на тренингот и е изоставне за викенд дуелот против Кадиз. За среќа, повредата не беше сериозна и сите се надеваат дека ќе биде на располагање на следниот меч со Виљареал .

„Повредата на Роналд Араухо е мала и во зависност од тоа како ќе се одвива опоравувањето, ќе биде јасно кога тој повторно ќе биде на располагање“, објави Барселона.

Араухо е важен играч за Чави Ернандез, но тој се покажа како доста „ровит“ бидејќи ова е негова 13. повреда откако пристигна на Камп Ноу.

ПретходноЕдвај и со многу среќа: Дортмунд со гол во 88.минута го победи Келн! (ВИДЕО)
СледноДуелот меѓу Алкалоид и Вардар е прекинат, финалето се сели во сала