Пред стартот на вистинското: Победа која значи – игра која ветува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

284

Македонската машка одбојкарска репрезентација по пресврт и драма дојде до првата победа на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Нашите момци се издигнаа кога беше најтешко, по водството на Египет од 1-2 приредија пресврт и на крајот славеа со 3-2 по сетови (25-22, 22-25, 21-25, 25-23, 16-14).

Одбојкарите испратија порака до македонската јавност дека навистина заслужуваат поддршка на Европското првенство на кое Скопје е еден од домаќините. Вечерва остварија победа која значи, а прикажаа игра која ветува.

ПретходноЛаутаро со два гола му донесе триумф на Интер! (ВИДЕО)
СледноФоден асистираше, Алварез “тресеше“, Сити со “минималец“ го победи Њукасл! (ВИДЕО)