Стружанецот Амет Корча со својот Далас во живо ја виде магијата на Лионел Меси

504

Меси „манијата“ во САД  во моментов е во полн ек, откако еден од најдбрите фудбалери на сите времиња го прелета океанот и потпиша за тимот на Интер Мајами. Постигна неколку гола, Америка во живо виде што значи Лионел Меси, а на терен истото го стори и Амет Корча.

Дефанзивецот на тимот на Далас, кој што имаше можност од непосредна близина да се увери во магијата на „волшебникот со бубамарата“.

А кој е всушност Амет Корча. Тоа е 22. момче кое во моментов настапува за тимот на Далас, а кое има потекло од Струга. Американец кој фудбалскиот пат го доведе во Хрватска каде што најпрво беше дел од младинскиот погон на Динамо Загреб, а потоа се пресели во второлигашот Дубрава по сениорско искуство. Конечно, заигра и за тимот на Горица пред да се врати во САД и да потпише за МЛС тимот на Далас.

Се работи за исклучително висок стопер 191. сантиметар кој игра со десна нога и кој засега нема настапено официјално за ниту една репрезентација. Има настапи за репрезентацијата на Албанија во младинските категории но тие се неофицијални.

ПретходноПСЖ го договори Коло Муани – формира француско напаѓачко трио
СледноМитровиќ три години во Ал Хилал