Триумф за “кралевите“: Алмериа најави сензација, но тогаш на сцена стапи фантастичниот Белингам! (ФОТО)

162

Реал Мадрид вечерва како гостин, во меч од 2.коло во новата сезона во Ла Лига, успеа да дојде до победа и тоа со 1:3. Иако почетокот не ветуваше ваков резултат, имено уште во 3.минута домашниот состав преку Арибас дојде до водство и со тоа најави можна сензација.

Но така не мислеше Џад Белингам, кој одигра фантастичен меч и со два гола, во 19.и 60.минута постина два гола за пресврт и водство на “кралевите“.

До крајот Реал Мадрид со голот на Винициус во 73.минута стави точка на победата од 1:3.

Втор меч во новата сезона за Реал Мадрид и втора победа.

ПретходноДуелот меѓу Алкалоид и Вардар е прекинат, финалето се сели во сала
СледноНе знаат за НЕ: С.Арабија со нова понуда до Лео Меси!