Феникс се засили со Зетов, а го продолжи договорот со Филип Димитриевски

266

Прволигашот Феникс ги засили своите редови со младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Зетов. 17-годишниот кошаркар важи за еден од најталентираните играчи од својата генерација, а тој веќе има прволигашко искуство со тоа што играше за Струмица во претходната сезона каде забележа просек од 4.7 поени и 1.1 аситенција за просек од 15 минути поминати на теренот.

A бекот Филип Димитриевски и во следните четири години ќе го носи „виолетово-жолтиот“ дрес. Тој веќе три сезони настапува во младинските конкуренции претходната сезона беше дел и од Третата лига, а доби и прволигашка шанса на десет натпревари, забележувајќи ги и првите поени во сениорска конкуренција.

ПретходноПуштени во продажба билетите за Вардар-Рајн Некар, цената меѓу 200 и 300 денари
СледноПСЖ го договори Коло Муани – формира француско напаѓачко трио