Штутгарт броеше до пет, голеадата во Аугзбург без победник

85

На стартот на новиот Бундес лига шампионат денеска се одиграа неколку интересни мечеви во кои доминираа головите.

Екипата на Штутгарт со пет гола во противничката мрежа го уништи Бохум, додека пак, Баер Леверкузен со 3:2, беше подобар од Ред Бул Лајпциг.

Волфзбург со 2:0 го совлада новакот во Бундес лигата тимот на Хајденхајм, додека пак убедливо најјинтересно беше во Аугбург. Домаќинот и Борусија Менхенгладбах уште на полувреме стигнаа до 3:3, за да Аугзбург потоа поведе со 4:3. Во осмата минута од продолжението, Борусија преку Кванчара од пенал изедначи на 4:4.

 

Резултати:

Баер Леверкузен – Ред Бул Лајпциг 3:2

Хофенхајм – Фрајбург 1:2

Штутгарт – Бохум 5:0

Волфсбург – Хајденхајм 2:0

Аугзбург – Борусија М 4:4

 

ПретходноСтојановски: Работнички да им се врати на победите
СледноЛиверпул од негатива до триумф, Брендфорд и Брајтон со победи на гости (ВИДЕО)