Актуелниот вицешампион на Саудиска Арабија Ал Наср го доживеа вториот пораз во исто толку првенствени кола во новата сезона. Овој пат на домашен терен беше поразен од Ал Тавун.
Во домашниот тим настапија бројни ѕвезди како Кристијано Роналдо, Садио Мане, Секо Фофана и Талиска, но и тоа не беше доволно за победа.
Најдобар поединец на Ал Наср беше Брозовиќ. И најлошото? Ако го прашате англискиот Goal ни повеќе ни помалку од Кристијано Роналдо. Англискиот портал ги следи натпреварите на Роналдо во Саудиска Арабија во текот на целата сезона и дава оценки за неговите настапи. Овој пат доби навистина лоша оценка.
“Роналдо изгледаше ужасно против Ал Тавун. Тој беше најслабиот дел од вториот шокантен пораз на Ал Наср за само четири дена. Откако го пропушти натпреварот против Ал Етифак поради повреда, овој пат играше од првата минута, но очигледно не беше подготвен. Тој беше тежина за неговиот тим. Воопшто не требаше да игра. Само кукаше на судиите и пропушташе шанси“, пишува Goal.