ВМФЛ 2.коло: Беса го доби дербито против Беласица, Пелистер сигурен дома

1266

Тимот на Беса Добри Дол по две кола има максимален учинок откако попладнево на домашен терен во Врапчиште успеа да слави над екипата на Беласица со конечни 2:0.

Творци на победата беа Џемаил Исати кој погоди при еден од првите прекини на мечот, во петтата минута, и Изаир Емини на стартот на вториот дел во 48. минута.

Од друга страна пак, тимот на Пелистер во локалната пресметка против тимот на Новаци немаше поголеми проблеми и триумфираше со 4:0, додека пак до првиот триумф сезонава стигна и Тетекс.

Тетовци иако губеа по само десетина минути на домашен терен од Осогово направија комплетен пресврт и триумфираа со 2:1.

Арсими немаше поголеми пролеми против Саса и победи со 4:0, додека пак, Кожуф триумфираше во Неготино кај Вардар со 1:2.

Конечно, екипата на Башкими во Куманово беше подобра од Победа со 2:1.

Дербито Охрид и Караорман се игра на 30 август, додека пак екипите на Скопје и Детонит својот меч го играат утре.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ВМФЛ:

Беса – Беласица 2:0

Тетекс – Осогово 2:1

Пелистер – Новаци 4:0

Вардар Неготино – Кожуф 1:2

Башкими – Победа 2:1

 

ПретходноЛенс си купи напаѓач за ЛШ и го собори клупскиот рекорд
СледноСтружани јавно му се заблагодарија на претседателот на ФФ на Албанија за понудата плеј-оф мечот да го играат во Елбасан!