Гвардиола: Сите се жалат на Саудиска Арабија, а поставуваат црвен тепих!

505

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференција во пресрет на натпреварот со Њукасл во второто коло од Премиер-лигата зборуваше за трансфери. Тој го коментираше Челзи, кој според податоците на Трансфермаркт во летниот преоден рок потрошил 385 милиони евра на нови играчи, додека од продажбата на претходните заработил 255 милиони евра.

„Не би можел да бидам тука ако го потрошивме она што Челзи го направи во последните два преодни рока. Ќе ме убиевте. И онака ќе ме уништите. Луѓето велат дека Сити и Гвардиола купуваат играчи. Мораме да видиме што ќе се случи на пазаро, а потоа ако можеме, да платиме цена што ни изгледа нормална. 

Го сакавме Мегваер, но не го купивме бидејќи не сакавме да платиме толку многу за него. Го сакавме Кукурела, но не го плативме, го сакавме Санчез, но не го плативме. Ќе платиме она што го сметаме за нормална цена. Патем, ние имаме и своја академија“, изјави Гвардиола, чиј клуб има 155 пријави во Премиер-лигата за наводни прекршувања на финансискиот фер-плеј.

Гвардиола истакна дека не ги критикува Челзи и неговите сопственици кои од минатата година ги предводи Тод Боли и кои во последната година доведоа бројни играчи.

„Челзи може да прави што сака. Не го критикувам. Велам, ќе бевме мртви ако го направивме тоа, а тие можат да прават што сакаат. Ако сакаат да потрошат уште 900 милиони евра, слободно нека го направат тоа. Бизнисот е бизнис. Не ми се допаѓа кога ме критикуваат и што правиме. Секој го прави најдоброто за клубот. Сите победници.

Сите се жалат на Саудиска Арабија, а клубовите им ја отвараат вратата, им поставуваат црвен тепих. Што сакаш пријателе? Сите продаваат, среќни се. Се жалат, но со задоволство ја отвараат вратата“. 

ПретходноТренерот на Тернана е убеден дека Несторовски ќе ги засили
СледноВолкот стави крај на кариерата: Страв ми е, се што знам во животот е фудбал!