Надежите на Брера второпласирани на Евима Купот во Банско

121

Фудбалските надежи од генерацијата 2011 на Брера Струмица го освоија второто место на Евима Купот во Банско Бугарија каде учествуваа екипи од повеќе европски држави. Екипата предводена од тренерите Васко Тодоров и Борче Постолов беше поразена во финалето од романската Стеауа.

Давид Пешов беше прогласен за најдобар напаѓач на турнирот, додека Васко Христов за најдобар голман. Блескаа и фудбалерите од генерацијата 2010, во чии редови наградата за најдобар голман ја понесе Петар Талески.

ПретходноАнри ќе ја преземе младинската селекција на Франција
СледноШвеѓанките се „бронзени“ на СП