Екипата на Реал Сосиедад е буквално два бода „минус“ на своето конто затоа што на домашен терен денеска имаше водство до четвртата минута од судиското продолжение, за да на крајот прими гол од Селта и мечот заврши 1:1.
Иако домаќинот имаше водство преку голот на Баренечеа од 22. минута, и имаше реално и контрола на дуелот, сепак, на крајот гостите преку Мингуеза успеаа да останат непоразени.
Денеска се играат уште два меча од Примера, а тоа се Алмериа – Реал Мадрид и Осасуна Атлетик – Билбао.