Ни добрата игра на Њукасл вечерва на „Етихад“, ни фактот дека беше стопиран Халанд, сепак не беше доволен овој тим да си замине барем со реми. Манчестер Сити славеше со 1:0 и тоа со голот на Алварез откако претходно Фоден му асистираше.
Рековме веќе Њукасл одигра добро,посебно беше агресивен во последниот период од играта кога тргна на се или ништо, но тимот на Пеп Гвардиола успеа да го сочува минилното водство што беше доволно за победа и нова три бода во меч од Премиерлигата.
Па така сега Сити има максимални шест бода од два меча на стартот од новата сезона.