Борче Христов има три од три со Зира и е лидер во Азербејџан

410

Нашиот интернационален фудбалски стратег Борче Христов не можеше подобро да ја започне својата авантура во тимот на Зира од Азербејџан.

По стартните три кола во домашниот шампионат има три победи, последната викендов против тимот на Сумгаит на гостински терен од 1:2, со што нормално е лидер на табелата со девет освоени бодови.

Во Азербејџанскиот фудбал, Христов е добро познат стратег, затоа што беше дел и од тимот на Карабах, а Зира очигледно не погреши со неговиот ангажман.

 

ПретходноЛукаку го засилува ривалот на Челзи
СледноРисте Јанков си заминува од Романија