Лукаку го засилува ривалот на Челзи

758

Ромелу Лукаку не е во плановите на Челзи, ова го потврди и Маурисио Покетино.

Не е тајна дека Тотенхем бара замена за Хари Кејн, парите не се проблем, иако Даниел Леви е „скржав“, има 100 милиони евра за засилување до крајот на мандатот.

Челзи е подготвен да го пушти Лукаку со попуст, особено на крајот од преодниот рок, а особено откако пропаднаа преговорите со Јувентус околу размената за Душан Влаховиќ.

Лукаку досега имаше само конкретни понуди од Саудиска Арабија, па Тотенхем навистина би бил вистинското решение.

Бројките се уште не се споменуваат, но не е невозможно да има забрзани преговори бидејќи до истекот на рокот остануваат уште само 11 дена.

Не треба да заборавиме дека Лукаку веќе еднаш преговараше со Тотенхем, но тогаш не беше постигнат договор, дали сега ќе биде поинаку?

ПретходноПМФЛ: Брегалница го дочекува Гостивар, скопска пресметка на Маџари, Тиквеш сака “три од три“, Шкупи против Силекс
СледноБорче Христов има три од три со Зира и е лидер во Азербејџан