Александар Митровиќ и официјално е нов член на тимот на Ал Хилал. Во трансфер вреден 50 милиони фунти колку што ќе добие сега веќе неговиот екс клуб Фулам, Митровиќ замина на Блискито Исток и потпиша тригодишен договор.
Ќе игра заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата Сергеј Милинковиќ Савиќ, но и со големиот Нејмар.
Србинот инсистираше на трансферот, не сакаше ниту да чуе да се врати во Фулам, што предизвика револт во јавноста во Англија.
The Blue looks good on you, MITRO 🔵⚪️#Mitro_Hilali 💙 pic.twitter.com/rWDeD487y6
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) August 19, 2023