Попладнево од 17 часот на програмата се пет средби од 3.коло во новата сезона во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Охрид каде се среќаваат Воска и Вардар, но и останатите мечеви ветуваат возбудлива игра и неизвесност.
Во Штип домашната Брегалница го дочекува Гостивар. Според сите прогнози четата на Горан Здравков се очекува да извојува нова победа, но на Гостивар треба еднаш да му тргне.
Работнички во нова скопска пресметка на Маџари. Доаѓа Македонија ЃП, дуел кој ќе треба да покаже дали тимот од Градски е кадарен да се “врати“ по оној пораз од Силекс во Кратово.
Тиквеш во првите две кола дојде до максимални шест бода и затоа сега е лидер. Денеска ја дочекува Шкендија, кавадарчани посакуваат “три од три“, но сепак и тетовци си имаат свои сметки.
На Чаир силите ќе ги одмерат Шкупи и Силекс, екипи кои во оваа сезона имаат големи амбиции, посебно чаирчани. Тие за првпат сезоната ќе играат пред своите фанови, ако се знае дека во првите две кола им гостуваа на Работнички и Вардар.
Утре во Струга се игра мечот меѓу Струга ТЛ – Брера Струмица од 17 часот. Ова ќе биде последниот меч од 3.коло.
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
ВОСКА – ВАРДАР
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – СИЛЕКС
21.08.2023 – ПОНЕДЕЛНИК (17 Ч)
СТРУГА ТЛ – БРЕРА СТРУМИЦА
ТАБЕЛА
Тиквеш 6, Брера Струмица 6, Струга ТЛ (-1), Силекс 3, Шкендија 3 (-1), Брегалница 3, Македонија ЃП 3, Работнички 3, Шкупи 3, Вардар 0, Воска 0, Гостивар 0