Еуфорија на „Вила Парк“ во Бирмингем. Во меч од 2.коло во Премиерлигата, попладнево Астон Вила со 4:0 успеа да го победи Евертон и да го декласира и играчки и резултатски. Четата на Унаи Емери поведе во 18.минута со голот на МекГин, следуваше голот на Даглас Луиз од пенал неколку минути подоцна. На 3:0 зголеми Бејли во 51.минута, а конечните 4:0 ги постави Дуран во 75.минута.
Сепак Емери не може да биде во целост задоволен ако се знае дека во самиот финиш поради повреда Кутињо мораше да го напушти теренот.