Бањаја потврди зошто е лидер, победа и на ГН на Австрија

70

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Италијанецот Франческо Бањаја победи на трката за ГН на Австрија и тоа со убедлива предност пред конкурентите Бред Биндер и Марко Безеки.

Од почетокот на трката, па се до крајот, Бањаја водеше на патеката „Спилберг“, а единствениот кој се обидуваше да го следи во чекор беше второпласираниот Бред Биндер.

Франческо Бањаја го задржа првото место од стартот, оставајќи ги зад себе Биндер и Безеки.

Бањаја сега има 276 бода во генералниот пласман, додека Хорхе Мартин е втор со 189.

ПретходноДамиан Силвесчак од Полска ќе и суди на Струга ТЛ на првиот меч со Бреидаблик!
СледноСкариоло го одбра тимот кој ќе го брани тронот!