Дамиан Силвесчак од Полска ќе и суди на Струга ТЛ на првиот меч со Бреидаблик!

141
31.10.2018 SRODA WIELKOPOLSKA ( POLAND ) PILKA NOZNA ( FOOTBALL ) PUCHAR POLSKI 1/16 FINALU SEZON 2018/2019 ( POLISH CUP 1/16 FINAL ) MECZ (GAME) POLONIA SRODA - ODRA OPOLE NZ DAMIAN SYLWESTRZAK FOTO JAKUB PIASECKI / CYFRASPORT

Официјално. Иако беше најавено дека натпреварот во Охрид во четврток, инаку од двомечот во плеј – офот во ЛК, меѓу Струга ТЛ и Бреидаблик ќе почне од 20 часот, истиот и официјално е закажан за 17 часот. Секако дека ќе се игра на СРЦ “Билјанини Извори“ покрај Охридското езеро.

Се знаат и судиите за овој меч, тие доаѓаат од Полска.

Главен ќе биде Дамиан Силвесчак, кој има само 31 година. Важи за еден од најталентираните судии во таа земја,. Последен меч му бил оној во квалификациите во ЛШ меѓу Макаби Хаифа и Шериф ова лето, кој завршил со победа на домашните од 4:1.

Инаку Силвесчак важи за судија кој лесно покажува картони, па и црвени, стриктно ги почитува правилата.

Нему ќе му помагаат Бартош Хенинг, Адам Карашевич и Павел Малец.

Силвесчак вечерва од 20 часот ќе го суди дербито во елитната лига во Полска меѓу Легија Варшава и Корона Киелце.

ФОТО: Twitter

ПретходноМбапе испрати порака до фановите (ВИДЕО)
СледноБањаја потврди зошто е лидер, победа и на ГН на Австрија