Лео Меси уште еднаш потврди дека човек, дека е најголемиот во историјата и дека не пати од комплекси дека само тој мора да дава голови, да изведува пенали или да ги прима пехарите наменети за тимот.
Она што Лео го направи утринава просто ја воодушеви цела планета.
Имено Интер Мајами го освои пехарот во Лига Купот, тој беше повикан да го прими пехарот. Но Меси веднаш даде знак дека со него треба да биде и досегашниот капитен Деандре Једлина, така и беше. Двајцата заеднички го подигнаа во воздух.
Инаку тоа беше 44 трофеј освоен во кариерата на Меси, со што стана апсолутен рекордер во светот на фудбалот по бројот на освоени пехари.
Este equipo 🫶🥹 pic.twitter.com/cXrFCf2fPc
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 20, 2023