Ливерпул испрати скаут во Минхен да го договори Гравенберх

188

Ливерпул по капитенот на Штутгарт, Ватаро Ендо, од Бундеслигата ќе се обиде да го донесе и Рајан Гравенберх од Баерн (М). Јирген Клоп го посакува Гравенберх веќе подолго време, па затоа и ќе се обиде да издејствува негов трансфер до крајот на летото.

Холанѓанецот не успеа да избори стартно место кај Баварците и остана на клупата и на првиот меч сезонава против Вердер. Главниот скаут на Ливерпул, Дејв Фалоус, неодамна отпатувал во Германија за да добие детални информации за Гравенберх, а Билд сугерира дека „црвените“ наскоро ќе достават понуда од 20 милиони фунти за него.

ПретходноСкариоло го одбра тимот кој ќе го брани тронот!
СледноАстон Вила покажа сила и го декласира Евертон! (ВИДЕО)