Марија Перез е новата светска шампионка во брзо одење

40

Неполни 24 часа по триумфот на Алваро Мартин, Шпанија по вторпат дојде до злато во брзо одење на Светското атлетско првенство во Будимпешта. Утрово Марија Перез го комплетираше златниот шпански настап во оваа дициплина на 20 километри, откако на почетокот на вториот ден на првенството успеа да ја победи конкуренцијата и да се закити со најсјајното одличје.

„Џебната ракета“ од шпанскиот град Гранада ги разби нејзините ривали со одличен финиш во кој не дозволи нејзината главна конкурентка Палмисано да ја следи во чекор. Втора на крајот, сепак, заврши двократна шампионка на Игрите на Комонвелтот, Џемима Монтаг од Австралија, додека бронзата заврши на градите на Италијанката Антонела Палмисано, олимписката шампионка која се врати од повреда и н акрајот се закити со медал.

ПретходноЃоковиќ: Нова Година дојде порано (ВИДЕО)
СледноЏиџи Бекали се обложил на 20.000 евра дека ФЦСБ ќе игра со Партизан… и загубил