Мбапе испрати порака до фановите (ВИДЕО)

583

Килијан Мбапе се врати во составот на ПСЖ и тоа со гол, но тоа не беше доволно за победа против Тулуз. По реализираниот пенал против својата радост ја сподели со навивачите.

Францускиот репрезентативец веднаш истрча кај фанови и порача:

„Останувам овде, останувам овде“.

Како што е познато, Мбапе одби да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година, што го налути раководството. Извесен период беше отстранет од составот на Луис Енрике, но потоа беше вратен.

Овие зборови на светскиот шампион речиси сигурно значат дека тој нема да биде продаден ова лето, а веројатно ќе ја искористи можноста да замине како слободен играч за една година.

ПретходноМаџунков има повреда на коленото, ќе паузира за да биде „фит“ до ЕП 2023
СледноДамиан Силвесчак од Полска ќе и суди на Струга ТЛ на првиот меч со Бреидаблик!