Грција победник на Меморијалот “Чајка”, Ѓорѓиев МВП

192

Нашиот најдобар одбојкар, Никола Ѓорѓиев е прогласен за најдобар играч на 47. издание на Меморијалниот турнир “Чајка” во Скопје. Ѓорѓиев одигра одлични три меча и го заслужи признанието.

Наградата за најдобар техничар на турнирот му припадна на првиот техничар на селекцијата на Јапонија, Римо Шимокава.

Севкупен победник на турнирот за оваа 2023 година е селекцијата на Грција, само поради подобриот меѓусебен скор со Јапонија. Трет заврши Египет, а Македонија финишираше на 4. место.

ПретходноГризман прави сензационален трансфер!
СледноЈувентус убедлив во Удине, Лече со два брзи гола го победи Лацио