Ноа Лајлс е најбрзиот човек на светот

442

Американскиот спринтер Ноа Лајлс ја оправда фаворитската улога и го освои златото на 100 метри на Светското првенство во Будимпешта. Тој истрча со време од 9,83 секунди и заврши пред Лесил Тебого кој со 9,88 секунди постави рекорд на Боцвана.
Бронзата му припадна на Британецот Жарнел Хјуз кој беше послаб од Тебого за 0,003 секунди.
На трката на 10000 метри златото го освои Кениецот Џошуи Кептеги (27:51,42), среброто го зема Кениецот Даниел Ебењо додека бронзата му припадна на Саломон Барега од Етиопија.

ПретходноВест Хем го доби лондонското дерби…бадијала му се сите пари на Челзи! (ВИДЕО)
СледноСрбинката Ивана Вулета е светска шампионка во скок во далечина