ПМФЛ:Јашароски со “хет-трик“, Вардар доцна се “разбуди“, скопското дерби за Работнички, Брегалница и Шкендија со триумфи, реми на Чаир!

1050

 

Завршија сите пет средби попладнево од 3.коло во ПМФЛ.

Воска со 3:2 го победи Вардар попладнево во Охрид. Брилјантен беше Ален Јашароски кој постигна хет – трик. Реткокој очекуваше дека Воска својата прва победа победа во ПМФЛ, историска, ќе ја извојува и тоа против Вардар.

Глишиќ од слободен удар постигна евро-гол и ги постави тие 3:1. А Жоглев во 93.минута ги постави конечните 3:2.

Работнички со мајсторскиот гол на Крсте Велкоски од слободен удар успеа да дојде до трите бода во скопското дерби против “лавовите“.

Брегалница прикажа уште една добра игра и успеа да слави над Гостивар со 2:1. Венегас и Роналдо стрелаа за домашните,додека Селмани успеа да го ублажи поразот во финишот на средбата.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Муарем Муарем доби црвен кај гостите од клупата.

Шкендија успеа да го победи Тиквеш среде Кавадарци и тоа со 1:2.Ова е прв пораз на кавадарчани во третиот меч сезонава.

На Чаир домашниот Шкупи и Силекс одиграа 1:1.Пинтер донесе водство за домашните а израмни Ѓорѓиоски во 77.минута. Утре се игра последниот меч од ова коло и тоа меѓу Струга ТЛ и Брера Струмица.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 2:1

(Венегас (п) 10., Роналдо 77./Селмани 90.)

РАБОТНИЧКИ-МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0

(Велкоски 21./)

ШКУПИ –СИЛЕКС 1:1

(Пинтер 45./Ѓорѓиоски 77.)

ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1:2

(Мојсов 45./Чинари 24., Елези 37.)

ВОСКА – ВАРДАР 3:2

(Јашароски 27., 32., 48/, Глишиќ 84., Жоглев 93.)

УТРЕ – 17 Ч

СТРУГА ТЛ – БРЕРА СТРУМИЦА

ПретходноЛесор го комплетираше списокот на кошаркари со кои Франција оди на СП!
СледноДетонит со убедлив триумф на Автокоманда!