Екипата на Јувентус славеше со 3:0 на гостувањето кај Удинезе во првото коло од новата сезона во Серија А. Поранешниот италијански шампион трите голови ги постигна во првото полувреме, отвори Киеза со убав шут од далечина уште во 2. минута. Зголеми Влаховиќ од пенал во 20. минута, а на 3:0 зголеми Рабио. Тој резултат остана до крајот.
А Лече успеа да го совлада Лацио со 2:1 на домашен терен. Гостите поведоа со гол на Имобиле во 26 минута. Домашните со два брзи гола го свртеа резултатот и ја однесоа победата. Алмквист изедначи во 85 минута, а две минути подоцна Ди Франческо погоди за победа на Лече.
Претходно Аталанта славеше со 2:0 на гостувањето кај Сасуоло, додека Рома одигра 2:2 со Салернитана на свој терен.