Големата победа на тимот на АЕК синоќа против Динамо Загреб од 2:2 и конечната завршница на овој двомеч кој траеше две недели, имаше екстремно емотивен крај. Најпрво во лудата завршница АЕК во судиското продолжение од 0:2 стигна до 2:2, и пласман понатаму во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Еуфоријата помешана со силни емоции и тага поради загинатиот навивач на АЕК пред петнаесетина дена доживеа кулминација откако домашниот тренер Матијас Алмеида го крена во рацете дресот со името на навивачот Михаил Кацури.
Публиката беше во дилириум, а јавноста во Грција едноставно може да здивне барем малку затоа што убиството на навивачот и сета таа ситуација околу стоте уапсени хрватски навивачи, вклучувајќи тука и голем број на домашни, направи многу тензична атмосфера во Грција, особено во Атина.