Барселона во финишот го „отклучи“ Кадиз (видео)

140

Екипата на Барселона се намачи меѓутоа извојува победа над Кадиз со 2:0 во 2.коло од шпанската Ла Лига. Шампионот стигна до победа, но одигра лошо посебно во завршницата на акциите.
Барса имаше преку 20 удари на гол, но никако да ја затресат мрежата на гостите. Мораа да чекаат до 83 минута кога Педро го постигна првиот гол за „каталонците“ сезонава (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Во четвртата минута од судиското продолжение Феран Торес ги постави конечните 2:0 (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Барса по две кола има четири бода, а Кадиз има три затоа што во првото коло славеа со 1:0 над Алавес.
Пред овој меч, Џирона со 3:0 славеше над Хетафе.

ПретходноДинамо Загреб го продаде Шутало на Ајакс за 21 милиони евра
Следно„Чајка“: Грците не ни оставија ниту сет, Јапонија подобра од Египет