Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Италијанецот Франческо Бањаја победи на трката за ГН на Австрија и тоа со убедлива предност пред конкурентите Бред Биндер и Марко Безеки.
Од почетокот на трката, па се до крајот, Бањаја водеше на патеката „Спилберг“, а единствениот кој се обидуваше да го следи во чекор беше второпласираниот Бред Биндер.
Франческо Бањаја го задржа првото место од стартот, оставајќи ги зад себе Биндер и Безеки.
Бањаја сега има 276 бода во генералниот пласман, додека Хорхе Мартин е втор со 189.