Воска и Вардар во нова битка, но сега прволигашка!

252

Попладнево во 17 часот на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, во меч од 3.коло во новата сезона во ПМФЛ, силите ќе ги одмерат Воска и Вардар. Две екипи кои во минатите две сезони водеа фудбалски битки во Втората лига, но денеска за прват таа битка ќе биде прволигашка.

И двете екипи во првите две кола забелажаа порази, немаат освоено бод, немаат ниту гол постигнато, токму затоа денеска и за двете екипи победата е повеќе од императив.

Досега Воска и Вардар одиграле пет меча, од кои три во Охрид. Вардар вкупно има три победи, додека Воска две. Значи кога играат овие две екипи нема реми, има само победник.

Вардар знае како се победува во Охрид, но и Воска знае како се победува на свој терен против Вардар.

По оние случувања во нашиот најтрофеен клуб, по оставките на тренерот Грнчаров и спортскиот директор Баевски, вардарци денеска во Охрид, како В.Д. ќе бидат предводени од Бобан Бабунски.

Во ова коло овој меч е еден од најинтересните, барем според очекувањата. Воска за првпат ќе го нагости Вардар како прволигаш.

Нема да биде сеедно за никого ако и по 3.коло има нула бодови на своето конто.

ПретходноИџе постави нов рекорд на патеката во Швајцарија
СледноТомовски најдобар голман, МВП признанието во рацето на вардаровиот Јапонец