Скопје – Детонит 1:4 е епилогот од последниот меч од 2.коло во ВМФЛ. Гостите од Радовиш одиграа одличен меч и убедливо ги победија “пиратите“ среде Автокоманда. Настевски беше стрелец за домашните,додека Смилков,Кудијан, Христов и Фејзуловски беа стрелци кај гостите за голема победа.
Со оваа победа Детонит покажа дека во оваа сезона има големи амбиции во битката за висок пласман.