Динамо Загреб го продаде Шутало на Ајакс за 21 милиони евра

329

Динамо Загреб доживеа елиминација од АЕК Атина во Лигата на шампионите, а веќе наредниот ден го продаде централниот бек Јосип Шутало на Ајакс за 21 милион евра плус 3 милиони во форма на бонуси.
Хрватскиот репрезентативец се договори за петгодишна соработка.
Шутало има 8 настапи за Хрватска, а тој е дете на Динамо. Од 2020 година дебитираше за првиот тим на „модрите“. Од тогаш одигра 87 натпревари за Динамо во сите конкуренции.

ПретходноСити со триумфот над Њукасл испиша клупска историја!
СледноБарселона во финишот го „отклучи“ Кадиз (видео)